Официјални празници и денови со ограничено работно време во Викторија за 2026, 2027 и 2028 година
| Празник | 2026 | 2027 | 2028 |
|---|---|---|---|
| Нова година | Четврток 1 јануари | Петок 1 јануари | Сабота 1 јануари Понеделник 3 јануари1 |
| Ден на Австралија | Понеделник 26 јануари | Вторник 26 јануари | Среда 26 јануари |
| Ден на трудот | Понеделник 9 март | Понеделник 8 март | Понеделник 13 март |
| Велипеток2 | Петок 3 април | Петок 26 март | Петок 14 април |
| Велика сабота | Сабота 4 април | Сабота 27 март | Сабота 15 април |
| Велигден | Недела 5 април | Недела 28 март | Недела 16 април |
| Понеделник по Велигден | Понеделник 6 април | Понеделник 29 март | Понеделник 17 април |
| Денот на борците Аnzac2 | Сабота 25 април3 | Недела 25 април3 | Вторник 25 април |
| Роденден на кралот | Понеделник 8 јуни | Понеделник 14 јуни | Понеделник 12 јуни |
| Петок пред големото финале на АФЛ | Зависи од распоредот на АФЛ4 | Зависи од распоредот на АФЛ4 | Зависи од распоредот на АФЛ4 |
| Мелбурншки куп5 | Вторник 3 ноември | Вторник 2 ноември | Вторник 7 ноември |
| Божиќ | Петок 25 декември | Сабота 25 декември Понеделник 27 декември6 |
Понеделник 25 декември |
| Денот по Божиќ | Сабота 26 декември Понеделник 28 декември7 |
Недела 26 декември Вторник 28 декември8 |
Вторник 26 декември |
1 Поради Нова година паѓа во сабота, законодавството предвидува дополнителен празник за понеделникот што следи.
2 Велипеток, Ден на борците Аnzac и Божиќ се денови со ограничено работно време.
3 Денот на борците Аnzac се одбележува на денот на кој паѓа. Нема заменски празник доколку паѓа за време на викенд.
4 Петок пред големото финале на АФЛ обично паѓа во последниот петок од септември. Оваа страница ќе биде ажурирана со точниот датум според распоредот на АФЛ за 2027 и 2028.
5 Мелбурншкиот куп е национален празник низ Викторија, освен ако локалните совети не договориле друг празник.
6 Поради Божиќ паѓа во сабота, понеделникот што следи е дополнителен празник.
7 Поради Денот по Божиќ паѓа во сабота, понеделникот што следи е дополнителен празник.
8 Поради Денот по Божиќ паѓа во недела, вторникот што следи е дополнителен празник.
Забелешка: Сите датуми на националните празници се точни за време на објавувањето, но може да бидат измен.
*Што се денови во кои продавниците не смеат да работат?
Законот во Викторија наведува дека секоја година има два и пол дена во кои продавниците не работат:
- Велипеток
- Божик
- Времето меѓу 12.01 ч. претпладне и 1 ч. попладне на Денот на борците ANZAC.
Во тие денови само одредени продавници смеат да работат.
Дали може да работите во денови во кои продавниците не смеат да работат?
Некои видови на бизниси се изземени од сите ограничувања на работните денови. Тие може да бидат отворени секогаш кога сакаат во текот на целата година. Видовите на бизниси што се изземени се:
- аптеки
- бензински пумпи
- ресторани
- кафулиња
- продавници за готова храна
- даватели на услуги
- продавници за изнајмување (вклучувајќи и видеотеки).
- продавници исклучени од правилото
Продавници што се исклучени од правилото се бизнисите што ги исполнуваат следните услови:
- Во продавницaта се вработени 20 или помалку лица во било кое време во текот на деновите кога продавниците не смеат да работат.
- Бројот на лицата вработени во бизнисот и во неговите подружници не изнесува повеќе од 100 во било кое време во текот на 7 дена што непосредно му претходат на денот во кој продавниците не смеат да работат.
За повеќе информации, ве молиме погледнете Shop Trading Reform Act 1996 на legislation.vic.gov.au.
Дали треба да не работите на Денот на борецот ANZAC?
Следниве видови на бизниси не смеат да работат пред 1 часот попладне на Денот на борецот ANZAC (25 април) без разлика дали се ослободени од други ограничени денови за работа:
- кино (без разлика дали е во затворено или на отворено)
- друга забава, на пример, настан во живо или музички настан, концерт или игра
- аукции на недвижнини
За деловни објекти како што се фабрики или магацини или која било просторија, во која се спроведува процес на производство, овие бизниси мора да бидат затворени во текот на Денот на борецот ANZAC, во зависност од пропишаните критериуми во Законот за Денот на борецот ANZAC.
Работење доцна навечер и продажба/служење на алкохол
За бизнисите како што се ресторани, кафулиња, барови, клубови и продавници за алкохол може да важат дополнителни ограничувања во однос на продажбата/служењето на алкохол во денови во кои продавниците не смеат да работат.
Проверете со Victorian Commission for Gambling and Liquor Regulation (Викториската комисија за регулирање на игрите на среќа и продажбата на алкохол) за повеќе информации.