Преглед на програмата
Преку оваа програма, жителите на Викторија кои се соочуваат со предизвици во водењето на мал бизнис, може да добијат поддршка за ментално здравје што им е потребна за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19).
Сегашната поддршка преку оваа програма вклучува:
- Телефонска линија за помош Партнери во добросостојба (Partners in Wellbeing) на 1300 375 330 (од 9 наутро до 10 навечер, од понеделник до петок и од 9 наутро до 5 попладне за време на викенди)
Обезбедува поединечна поддршка за подобрување на вашата добросостојба ако сте загрижени за вашиот бизнис, како и бесплатен пристап до советници за бизнис и финансии. - Обука на St John Ambulance за ментално здравје и поддршка во криза
Дополнителни програми наскоро ќе бидат отворени, со поединости објавени на оваа страница.
За достапност на моментална поддршка за ментално здравје видете Ментално здравје во бизнисот (Mental health in business).
Телефонска линија за помош Партнери во добросостојба
Телефонската линија за помош Партнери во добросостојба (Partners in Wellbeing) (1300 375 330) е проширена со цел на сопствениците на бизниси кои се под стрес да им овозможи бесплатен пристап до советници за бизнис и финансии.
Таа работи од 9 наутро до 10 навечер од понеделник до петок, и од 9 наутро до 5 попладне за време на викенди. Ако сте под стрес или нервозни во врска со вашиот бизнис, ве молиме јавете се на Партнери во добросостојба на 1300 375 330, со преведувачки услуги на ваше барање.
Обука на St John Ambulance за ментално здравје и поддршка во криза
Оваа програма сега е завршена, ако сакате понатамошни информации контактирајте нè
Акредитираната обука на St John Ambulance за ментално здравје и поддршка во криза беше достапна на еден член на персоналот на секоја општина и на функционери во Трговската комора, бизнис асоцијациите или бизнис мрежите.
Обуката ќе им помогне на учесниците:
- да се здобијат со способности да ѝ дадат поддршка на локалната бизнис заедница соочена со предизвици во поглед на добросостојбата или менталното здравје
- да добијат сертификати за национално призната квалификација за првично реагирање во поглед на менталното здравје
- да се здобијат со познавање на поддршката за добросостојба и ментално здравје што е достапна на лицата кои водат мал бизнис и на други членови на заедницата.
Натамошна поддршка
Специјалисти по ментално здравје ќе бидат ангажирани во индустриските и бизнис асоцијациите за на членовите да им пружат непосреден пристап до стручни советници и обука на вработените на работните места за идентификување на лица во стрес и начините на реагирање на такви состојби.
Се очекува овие услуги за поддршка да продолжат до 2022 година, при што натамошните услуги ќе зависат од побарувачката и идните услови.
Повеќе информации за овие дополнителни услуги на поддршка ќе бидат објавени наскоро, со поединости достапни на оваа страница.
За да стапите во контакт Business Victoria на македонски, јавете се на TIS National на 13 14 50 и побарајте да ве поврзат со дежурната линија на Business Victoria (на 13 22 15).